По вчерашното отворање на ЕУРО 2024, на кое во премиерниот меч домашната селекција на Германија ја декласира Шкотска со 5:1, денеска на програмата се три средби.
Првата се игра од 15 часот и тоа во групата – А, и тоа меѓу Унгарија и Швајцарија, со која ќе се заокружи првото коло.
Се очекува интересен и возбудлив меч во Келн, меч во кој можеби мал фаворит е Швајцарија со оглед на искуството од играње вакви мечеви на последните СП и ЕП.
Сепак Унгарците покажаа и тоа како сиве овие минати години, дека знаат да одиграа добар фудбал.
Јасно е дека дербито на денот се игра во Берлин каде се среќаваат Шпанија и Хрватска. Лука Модриќ и компанија против „Фуријата“. Ако знае некој како се игра против Шпанцитем, тоа секако дека е Лука, легендата на Реал Мадрид.
Пред нас е супер интересен меч, меч за уживање.
Денот го завршуваме со дуелот во Дортмунд меѓу Италија и Албанија. Откако го пропушти СП во Катар и тоа поради Македонија, Италија сега со Лучано Спалети како селектор, ќе се сака да покаже зошто е актуелен европски првак.
Ова на Албанците им е второ учество на ЕП, имаа феноменални квалификации, ќе ја имаат поддршката од трибините на „Сигнал Идуна Парк“, најавуваат изненадување. Тука се е можно.
ДЕНЕСКА НА ЕП
ГРУПА – А (15:00 Ч)
КЕЛН: УНГАРИЈА – ШВАЈЦАРИЈА
ГРУПА – Б (18:00 Ч)
БЕРЛИН: ШПАНИЈА – ХРВАТСКА
ГРУПА – Б (21:00 Ч)
ДОРТМУНД: ИТАЛИЈА – АЛБАНИЈА