Екстра засилување за Струга – потпиша Арби Воша

862

Македонскиот шампион Струга Трим Лум продолжува со ангажман на нови играчи и засилување на тимот за престојната сезона во ПМФЛ како и за настапите во Европа. Нов член на струшкиот клуб е Арби Воша, поранешниот фудбалер на Шкупи и на Македонија Ѓорче Петров.
Се рабори за крилен напаѓач, кој има играно за сите младински репрезентации на Македонија.

Претходно во Струга дојдоа Бојан Илиевски, Стефан Јевтовски, Масаки Такахара од Јапонија, голманот Филип Дујмович, додека Бесарт Ибраими го продолжи договорот. Клубот го напуштија Незири, Малиќи и Жгурон.

ПретходноЕди Рама: Првпат ќе навивам Италија да не победи на меч од ЕП
СледноЛудо патешествие – 24 клубови во 15 различни држави на четири континенти