Она што се најави пред два дена, сега е и официјално. Дарко Велковски не е веќе член на Динамо Букурешт, еден од најголемите клубови во Романија. На македонскиот репрезентативец договорот му заврши, но нема да потпише нов, нема да ја продолжи соработката.
Ова и официјално го потврдија и од таборот на романскиот клуб.
Се шпекулира дека Велковски повторно ќе игра некаде надвор од Европа.