Полека, но сигурно се загрева трансфер – пазарот во нашата елитна лига. Досега Струга ТЛ и Тиквеш пазареа најмногу, разбирливо ако се знае дека овие два клуба со Шкендија најрано ќе ја започнат сезоната 2024/25 со настап во Европа.
Гостивар е доста активен, па така во очекување на Нани, овој тим преговара и со Фреди Алварез и Егзон Бејтулаи. Првиот е некогашен играч на Шкупи од Костарика, а вториот е некогашен репрезентативец и легендарен стопер на Шкендија.
Брера Струмица има желба да ги ангажира Филип Најдовски, кој во изминатите три сезони играше во Тирана, а се шпекулира и со името на Џибрил Дианеси, фудбалер од Мали со француски пасош.