Дефанзивецот на репрезентацијата на Украина, Виталиј Миколенко, поради повреда ќе го пропушти натпреварот од првото коло на турнирот на ЕП 2024 против Романија. Ова го соопшти селекторот на украинската репрезентација, Сергеј Ребров.
„Секојдневно објаснуваме: Виталиј работи, но повредата е таква што тој нема да може да се врати за ден или два. Утре дефинитивно нема да игра. Гледам како работи, сите се надеваме дека ќе се врати во тимот што е можно поскоро“, рече Ребров.