Јанев пред СП: Ќе бидам скромен и внимателен! Нашата прва цел е да ја минеме групата!

107

После две години, во Скопје повторно ќе се сретнат најдобрите светски репрезентации во јуниорска женска конкуренција. Од 19. до 30. јуни ќе се одигра Светското првенство на кое ќе настапат 32 репрезентации.

Предводник на македонската селекција ќе биде младиот тренер Дарко Јанев кој го наследи на кормилото поранешниот селектор Љубомир Савевски. Во пресрет на СП, Македонија досега одигра два натпревари од затворен тип и забележа победи над Бразил и Кина.

Македонија првиот меч ќе го игра на денот на отворањето, на 19 јуни против репрезентацијата на САД (20:30). По што следат дуелите со Исланд и Ангола, а двете подобропласирани репрезентации ќе пласираат во Главната рунда. Јанев ги пренесе своите очекувања за Мундијалот.

„На ова првенство нашата репрезентација ќе настапи во мешан состав, а тоа ќе бидат девојки од генерацијата 2004/2005, како и перспективните ракометарки од 2006/2007 генерацијата. Нѐ очекуваат низа интересни и тешки натпревари против најдобрите светски репрезентации. Ќе бидам скромен и внимателен и не сакам да ветувам ништо пред почетокот на првенството. Нашата прва цел е да ја минеме групата. Ќе одиме чекор по чекор и ќе се трудиме од натпревар во натпревар да бидеме сѐ подобри. Домашната репрезентација има проблеми со играчкиот кадар затоа што неколку играчи „Имавме пехови. На ова првенство ке ни недостасуваат и тоаа многу повредените и рековалесценти играчи Несторовска, Коловска, Дуковска, Велкова кои беа предводници на оваа генерација. На првенството нема да можам да сметам и Јанкуловска која заработи скршеница на стопалото, а неизвесна е и Радевска“, вели селкторот Јанев.

ПретходноАлкалоид и Коњух во финалето на турнирот „Марко Божиновски“
СледноХаос во Хамбург: Холанѓанец со секира и молотов коктел се подготвувал да направи масакр во фан – зоната! (ФОТО+ВИДЕО)