Белингем за минимална победа на Англија против Србија (ВИДЕО)

129

Репрезентацијата на Англија славеше со минимални 1.0 во последниот денешен меч на Евро 2024. Со единствениот гол на Џуд Белингем во 13. минута, момците на Герет Саутгејт ги освоија првите три бод аво групата „Ц“.

Фудбалерите на српската репрезентација одиграа одлично второ полувреме, направија неколку шанси, но на крајот не успеаја да дојдат до израмнување. Англија се повлече во вториот дел под притисокот на противникот, но и „Гордиот Албион“ имаше една 100% шанса преку Кејн да го затвори мечот.

Многумина очекуваа убедлив триумф на Англичаните, но сликата на теренот не беше таква.

ПретходноУкраина без Миколенко на првиот меч на ЕП 2024
СледноДи Франческо си замина од Фрозиноне, седнува на клупата на Венеција