Престижниот “Билд“ во суперлатив говори за четата на селекторот Јулиен Нагелсман по стартната победа над Шкотска од 5:1. Се вели дека оваа Германија е моќна и дека може да оди до крај, до триумф на ЕП и по 1996 година да го освои пехарот.
Интересно е тоа што “Билд“ констатира дека иако сеуште се игра првото коло од групната фаза, “панцерите“ се веќе во осминафиналето.
Познато е дека првите две екипи од сите шест групи одат натаму, а најдобрите четири репрезентации кои ќе завршат како трети во групите исто така одат во следната фаза. Германија сега има 3 бода и гол разлика +4, па така веројатно и со два минимални порази на следните два меча, од Унгарија и Швајцарија би била меѓу тие четири најдобро пласирани кои ќе одат во осминафиналето. За секој случај им треба само бод од двата преостанати меча.
Ќе видиме дали оваа анализа на “Билд“ е добра.