Борко Ристовски ќе биде новиот министер за спорт

590

Поранешниот македонски ракометен репрезентативец Борко Ристовски ќе биде министер за спорт во новото министерство на Владата на Р. Македонија. По две децении, Македонија повторно ќе има Министерство за спорт, кое треба да го врати напредокот во спортот, кој сериозно влезе во криза во последните години.

Новиот Премиер на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ги соопшти предлозите за новите министерски места, а таму во Министерството за Спорт предлог е Борко Ристовски.

По назначувањето за министер, Ристовски ќе мора да ја напушти функцијата Извршен директор на ракометниот клуб Вардар.

ПретходноУЕФА отвори четири постапки против Албанија за инциденти и политички транспаренти
СледноПОЛУВРЕМЕ: Белингем за водство на Англија (ВИДЕО)