Далиќ: Не ме залажаа мечевите против Македонија и Португалија

376
HNS Twitter

Хрватска на отварањето на Европското првенство доживеа убедлив пораз (3-0) од Шпанија. Ден по катастрофалното издание, селекторот, Златко Далиќ одржа прес-конференција на која зборуваше за овој дуел, но и за следната пресметка на неговата репрезентација, а тоа е против Албанија.

Многумина беа изненадени од она што го видоа на теренот, па следеше прашање за пријателските мечеви против Македонија и Португалија во рамките на подготовките за ова ЕУРО. Колку истите биле реални?

„По Португалија реков дека на ЕП ќе биде поинаку. Дали беше лош ден, не знам. Лошо го започнавме натпреварот, не бевме доволно агресивни, бевме премногу далеку од играчите и во првите 15 минути беше навистина лошо.

После тоа воспоставивме контрола, ја задржавме и примивме гол од ситуација која не е баш вообичаена за нас. Не можам да избегам од впечатокот дека преефтино ги примивме трите гола, практично секој удар завршуваше со гол.

Не ме залажаа натпреварите со Македонија и Португалија, но ни дадоа причини за оптимизам. Бевме добри во тие натпревари, но вчера не беше добро. Противникот беше премногу добар за нас“, изјави Далиќ. 

За постетување Хрватска ја совлада Македонија со убедливи 3-0 на пријателскиот меч.

ПретходноЈокиќ и Марјановиќ „одлепија“ на Ана Бекута (ВИДЕО)
СледноКејн: Ако не го освоиме ЕУРО, сето останато ќе биде големо разочарување