Денеска на ЕУРО: Србија VS Англија, Словенија со Данска, Полска на мегдан со Холандија!

311

Денеска е третиот натпреварувачки ден од 17-тиот Европски шампионат. Ако досега, на изминатите четири меча се играше ефикасно, посакуваме така да биде и на денешните три средби.

Секако дека во прв план е мечот во Гелзенкирхен меѓу Србија и Англија. Јавноста кај нашиот северен сосед не е којзнае колку “потресена“ од настапот на нивната репрезентација ако се знае како Србија мина на СП во Катар. Сепак селекторот и играчите веруваат дека може да ја минат групата – Ц. А вечерва од 21 часот се среќаваат против првиот фаворит на турнирот, селекцијата на Англија.

Од истата група во Штутгарт се среќаваат Словенија и Данска. Се чини дека поразениот од овој дуел тешко дека ќе успее да се најде во следната фаза, ако се знае дека ги чека потоа средби со Англија и Србија.

Овој натпревар започнува во 18 часот.

Инаку натпреварувачкиот ден го стартуваме со дуелот од групата – Д, кој се игра во Хамбург и тоа меѓу Полска и Холандија. Репрезентации кои важат за притаени фаворити на ова ЕП.

Фото: FSS Twitter

Image

ДЕНЕСКА НА ЕП

ГРУПА – Д (15:00 Ч)

ХАМБУРГ: ПОЛСКА – ХОЛАНДИЈА

ГРУПА – Ц (18:00 Ч)

ШТУТГАРТ: СЛОВЕНИЈА – ДАНСКА

ГРУПА – Ц (21:00 Ч)

ГЕЛЗЕНКИРХЕН: СРБИЈА – АНГЛИЈА

ПретходноРафиња со реакција за Роналдињо: Ми кажаа дека побарал билети
СледноСтојчевиќ прво засилување, нов договор за Василевски