Со деветтиот гол сезонава, нашиот интернационалец Љупче Дориев донесе уште една победа за својот тим Согдиана во шампионатот на Узбекистан. Денеска Дориев погоди во првото полувреме на средбата со Насаф што беше доволно за конечни 1.0 и за петта победа на Согдиана во новата сезона на узбекистанскиот шампионат.
Оваа петта победа за Дориев и неговите соиграчи го донесе на само два бода разлика од Насаф, кој и натаму останува на лидерското место.
View this post on Instagram