Драмата „Хезоња“ продолжува: По корпата од Барса сепак има надеж!

1812

Како што минатото лето се се вртеше околу Никола Миротиќ, така и ова се врти околу Марио Хезоња. Бројни гласини од ден на ден доаѓаат за неговата кариера.

Откако излезе информација дека соработката со Барселона пропаднала поради изјава дадена во дресот на Реал Мадрид, сега има најави за негово враќање во НБА-лигата.  Таму последен пат играше во сезоната 2019-2020 со Портланд Трејл Блејзерс, каде што имаше просек од 4,8 поени и 3,5 скока по натпревар, додека шутираше 42,2 отсто од поле и 30,8 отсто од три во 53 натпревари, вклучително и четири старта.

За време на неговата кариера во НБА, Хезоња имаше просек од 6,9 поени, 3,1 скока и 1,3 асистенции во 330 натпревари во регуларниот дел од сезоната од 2015 до 2020 година, играјќи за Орландо Меџик, Њујорк Никс и Трејл Блејзерс.

ПретходноСпалети има забелешки за своите фудбалери и покрај победата против Албанија
СледноЈокиќ и Марјановиќ „одлепија“ на Ана Бекута (ВИДЕО)