Вечерва од 21 часот во Гелзенкирхен, во меч од 1.коло во групата -Ц, селекцијата на Србија ќе ги одмери силите со силната Англија. Нема дилеми дека четата на селекторот Герет Саутгејт е фаворит за победа, и не само за овој меч туку и за триумф на целиот турнир.
Сепак Србија, барем според зборовите на селекторот Драган Стојковиќ Пикси нема намера така лесно да се предаде, напротив.
Тој вчера на пресот беше многу расположен, на моменти и се шегуваше со новинарите. Како ќе биде после мечот, тоа ќе видиме.
Инаку покрај другото Пикси истакна:
„Кога последен пат игравме на ЕП некои од играчите не беа ни родени. На нас е да направиме исчекор, да ја минеме првата фаза од ова ЕП. Зошто да не ја нападнеме Англија, не разбирам? Го почитуваме противникот, но се почитуваме и себеси“ посочи Пикси.
На прашањето што ќе биде ако Србија успее да поведе, тој врати самоуверено:
“Тогаш ќе наредам да постигнеме уште еден гол. Многу просто“.