ПОЛУВРЕМЕ: Белингем за водство на Англија (ВИДЕО)

76

Англичаните водат со 1:0 по првите 45 минути на мечот со Србија во рамките на групата „Ц“ на Евро 2024.

Островјаните многу бргу успеаја да дојдат до предност. Во 13. минута, Кајл Вокер направи одлично додавање до Сака, овој од десно центрираше во шеснаесетникот на Србија, каде ѕвездата на Реал (М), Џуд Белингем биеше со глава во десниот агол од голот на Рајковиќ за водство од 1:0.

Србија најубавата шанса ја имаше преку Митровиќ, по една голема грешка на англиската одбрана, но напаѓачот на Србија биеше само крај голот на Пикфорд.

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ, мораше да ја направи првата принудна замена уште во финишот на првиот дел. Костиќ се повреди, па на негово место влезе Младеновиќ.

ПретходноБорко Ристовски ќе биде новиот министер за спорт
СледноДанецот Кристенсен со историско постигнување: Не промаши ниту едно додавање!