ПОЛУВРЕМЕ: Ериксен за водство на Данска во Штутгарт (ВИДЕО)

59

Данската фудбалска репрезентација со предност од 1:0 замина на пауза по првото полувреме на дуелот со Словенија во рамките на 1. коло од групата „Ц“ на Евро 2024. Данците успеаја да искористат една од неколкуте прилики во првото полувреме и со голот на Кристијан Ериксен во 17. минута, по асистенција на Винд, дојдоа до посакувана предност.

Словенија почна солидно, дури и успеа да направи една одлична шанса во 16. минута, но Шешко иако биеше силно од далечина, не успеа да го погоди голот на Шмајхел. За Словенците останува можноста да се обидат да се вратат во игра во вторито полувреме.

Интересно е да се напомене дека во првиот дел Словенија не успеа ниту еднаш да ја погоди во рамката од голот на Данска, а Данците имаа само еден прецизен шут и постигнаа гол за водство.

ПретходноШокантно: Што ли прави Куман на клупата?! (ВИДЕО)
СледноДориев повторно со гол носи победа за Согдиана во дербито на Узбекистан (ВИДЕО)