Рељиќ стана европска клупска шампионка!

101

Македонската таеквондистка, Милијана Рељиќ стана европска клупска шампионка, откако дојде до златниот медал на европското клупско првенство во Тирана, Албанија.

Рељиќ до златниот медал дојде со 4 победи и повторна без загубена рунда.

Во првото коло, Мила беше слободна, во второ коло беше подобра од италијанката Грета Тарвара. Во борбата за медал Мила беше подобра од Полската натпреварувачка Татјана Томчак исто со 2:0 во рунди, иако во втората рунда при водство на противничката од 3:10 Мила направи фуриозна рунда и на крај со резултат од 11:11 беше прогласена за победник поради 5 казнени поени на противничката.

Во полуфиналето Мила славеше над Турчинката Сервел Чакал, а во финалето следуваше победа над Јулија Шпак од Полска, натпреварувачка која редовно освојува Г1 медали.

Ова се 10 нови поени за Мила на олимписката и светската ранкинх листа.

ПретходноХакери го прекинале преносот Полска – Холанија на Полската национална телевизија
СледноУЕФА отвори четири постапки против Албанија за инциденти и политички транспаренти