Силна Холандија, со пресврт ја совлада Полска! (ФОТО+ВИДЕО)

74

Попладнево во меч од 1.коло ово групата- Д во Хамбург, Холандија со 2:1 успеа да ја победи Полска откако губеше со 0:1. Ова беше одличен меч, со многу шанси на двете страни, посебно Холанѓаните имаа повеќе шанси, но и зицери. Да кажеме дека кај Полска на клупата остана Роберт Левандовски, кој заради повреда не настапи на оваа прва средба на ЕП за својата репрезентација.

Инаку Холандија започна напаѓачки, веднаш стави до знаење дека ја интересира само победа и ништо друго. Но резултатот го открива Полска и тоа со голот на Букса во 16.минута кога убаво се снајде пред голот на противникот и со шут со глава донесе водство.Image

Холанѓаните вратија во 29.минута кога Гакпо силно шутираше, топката ја закачи Саломон и таа заврши во мрежата на Шчесни. До крајот на првото полувреме Депај имаше уште неколку шанси и закани, имаше и Рејндерс, но на пауза се замина со тие 1:1.

Во второто полувреме Холандија исто доминираше, освен во периодот од 55. до 65.минута кога Полска беше таа што доминираше, имаше и две шанси за водство, но останаа тие 1:1.

По тој период на полјаците, Холандија одново ја презема иницијативата, избраниците на Куман посакуваа со гол да дојдат до победа, но гол немаше и немаше.Image

И тогаш нововлезениот Вегхорст со гол во 84.минута успеа да постигне гол за 1:2 за Холандија. Конечно, по толку промашени шанси и зицери.

Следуваше голема еуфорија кај холандские фанови на стадионот во Хамбург, а посебно кај селекторот Куман.

Полска не се предаваше, во 90.минута имаше голема шанса за израмнување.

Сепак на крајот резултатот гласеше 2:1 за Холандија која со победа и три бода го стартуваше овој европски шампионат.

Претходно“Билд“: Иако уште не е завршено првото коло од групната фаза, Германија е веќе во 1/8 финалето!
СледноНемили сцени од Гелзенкирхен: Србите и Англичаните се испотепаа! (ВИДЕО)