Пролет го комплетираше првиот трансфер во пресрет на новата сезона, потпишувајќи двогодишен договор со Стефан Стојчевиќ.
„Овој перспективен пивот доаѓа од редовите на Алкалоид. Станува збор за исклучително талентиран ракометар кој ќе биде од голема помош во нападот и во одбраната, покривајќи ја пивотменската позиција што остана испразнета по заминувањата на Арсеновски и на Крстевски“, велат од Пролет.
Пролет го задржа во своите редови Александар Василевски, со кого беше потпишан нов договор и искусниот лев бек и во новата сезона ќе ги брани боите на овој клуб.
Од Пролет најавија дека се во преговори за ангажман на уште неколку засилувања со кои би бил заокружен ростерот за наредната натпреварувачка сезона.