Ете така се пее химната на својата земја. Познато е дека Италијанците, без разлика во кој спорт, со посебни емиции ја пејат химната на својата земја, сепак фудбалерите предничат. Но вчера се чини “претераа“ со својата гласност и емоции, во еден момент дури и ги исплашија дечињата што беа пред нив.
Навистина интересно. Секоја чест за четата на селекторот Лучано Спалети. Така се билда мотивот и самодовербата пред секој натпревар, се разбира дека така се искажува и љубовта кон својата земја.