Данскиот фудбалски репрезентативец Андреас Кристенсен, статистички, имаше перфектен меч денеска за својата репрезентација на дуелот со Словенија. Имено, Кристенсен кога ќе се земе предвид процентот на успешни додавања до соиграчите – не направи ниту една грешка.
Имено, тој испрати 89 додавања и сите беа прецизни, со што стана првиот играч во историјата на ЕП кој имал стопроцентна прецизност во додавањата во еден натпревар, а на своите соиграчи им испратил најмалку 76 топки.
Неодамна Тони Крос беше блиску до слично достигнување на мечот меѓу Германија и Шкотска.