УЕФА отвори четири постапки против Албанија за инциденти и политички транспаренти

627

Фудбалскиот сојуз на Албанија се соочува со четири обвиненија од Европската фудбалска унија (УЕФА) поради провокативните порака што ги истакнаа албанските навивачи за време на натпреварот против Италија на Европското првенство и друго неспортско однесување.

УЕФА денеска соопшти дека Фудбалскиот сојуз на Албанија се соочува со дисциплинска постапка поради недолични банери, фрлање предмети на теренот, употреба на пиротехнички средства и втрчување на навивачи на теренот.

Албански навивач истрча на теренот на крајот од синоќешниот натпревар против Италија, кој Албанија го загуби со 2:1.

Некои албански навивачи ги истакнаа знамињата и симболите на ОВК, а беше истакнато и знамето на „Голема Албанија“.

ПретходноРељиќ стана европска клупска шампионка!
СледноБорко Ристовски ќе биде новиот министер за спорт