Српскиот репрезентативец Филип Костиќ вчера на мечот со Англија се повреди уште во првото полувреме, па по мечот селекторот Стојковиќ потврди дека најверојатно станува збор за посериозна повреда.
„Ќе мора да оди на снимање. Не би сакал, но ќе видиме, можно е да е сериозно. Почувствувал болка во надворешниот дел на коленото, претпоставувам дека се лигаменти, но утре ќе знаеме повеќе, моментално е во завои“, рече Стојковиќ.
Ако навистина се работи за повреда на лигаментите, тоа значи дека за Костиќ ова ЕП заврши.