Мбапе со скршеница на носот

871

Најдобриот француски фудбалер Килијан Мбапе се повреди на мечот со Австрија и мораше да го напушти теренот. Новиот играч на Реал Мадрид удри со глава во противнички играч Кевин Дансо, па седна на тревата држејќи се за носот од кој течеше крв.
Изгледа се работи за скршеница, а лекарскиот тим го повлече од игра. Интересно, Мбапе додека излегуваше одлучи да се врати на теренот и да задржи време, па судијата му покажа жолт картон за ова однесување.
Веројатно францускиот напаѓач на следниот меч ќе го гледаме со заштитна маска на лицето.

ПретходноКако и на минатото ЕП, Франција го доби првиот меч со автогол (видео)
СледноБостон ги „прегази“ Далас и Дончиќ за рекордна 18-титула (ВИДЕО)