Серхио Рамос си замина од Севиља

713

Шпанската Севиља на својот веб сајт објави дека се разделува со централниот бек Серхио Рамос. Од клубот соопштија дека 38-годишниот фудбалер одлучил да го напушти клубот од детството, а засега не се знае дали ќе оди во друг клуб или ќе стави крај на кариерата.
Рамос дојде во Севиља минатата година од ПСЖ потпишувајќи едногодишен договор. Тој одигра 37 натпревари за Севиља во сите конкуренции.

ПретходноЕУРО 2024: Словачка води против Белгија на полувреме (видео)
СледноЛукаку малериште, Словачка со прва сензација на ЕП