Машката одбојкарска репрезентација на Украина е новиот освојувач на Златната европска лига. На завршниот турнир во Осиек, Украинците ја совладаа Хрватска со 3-1 (23-25, 25-19, 28-26, 25-19) и со тоа го освоија златниот медал во ова натпреварување.
Хрватска во финалето го претрпе првиот пораз во овогодинешното издание на Златната европска лига, во кое беа единствениот тим со сите шест победи во првиот дел од натпреварувањето.
Во мечот за третото место на турнирот во Осиек, Чешка ја победи Естонија со 3-2 во сетови.