Алкалоид го одбрани пехарот на меморијалниот турнир „Марко Божиновски“

190

Екипата на Алкалоид е освојувач и на третото издание на меморијалниот турнир „Марко Божиновски“, што се одржа во Скопје во чест на прерано починатиот ракометар, Марко.

Три дена се играше врвен ракомет на Спортскиот центар „Марко Божиновски“, а бранителот на трофејот, Алкалоид во финалето славеше против Коњух од БиХ со 27-26.

За најдобар стрелец беше избран Данило Бутиќ од Морнар Бар, наградата за најдобар голман ја освои Амел Мухавдиќ од Коњух, додека за МВП беше избран Мартин Крстевски од Алкалоид. Наградата за најдобро лево крило, позиција на која играше Марко Божиновски, ја освои Марко Димовски од Пелистер.

Третото место им припадна на ракометарите на Пелистер кои беа подобри од Морнар (Црна Гора) со 39-30.

На турнирот учествува и екипите на Вардар, Бутел Скопје, Струга и трет гостин од странство, екипата на Одохеи од Романија.

ПретходноДи Франческо си замина од Фрозиноне, седнува на клупата на Венеција
СледноТадиќ незадоволен од одлуката на Пикси: Да бев стартер ќе дадевме барем еден гол