Германската полиција соопшти дека привела седум навивачи на српската репрезентација вмешани во тепачка со Англичаните во Гелзенкирхен, непосредно пред почетокот на натпреварот меѓу Србија и Англија.
Сите се приведени по инцидентот што се случил на терасата на ресторан во градот, изјави портпаролот на полицијата, додавајќи дека е поднесена пријава за напад и повреди.
„Причините за тоа што се случи сè уште се нејасни“, додаде портпаролот.
Германската полиција претходно соопшти дека распоредила дополнителни сили поради страв од инциденти.