ИОК со покана за Рељиќ за настап на ОИ во Париз!

77

Прекрасни вести од ИОК. Златниот медал на Мила Рељиќ од Европското клубско првенство поткрепено со одличниот рејтинг и резултати од последните натпреварувања, резултираа со покана од ИОК за настап на Мила на Олимписките игри во Париз оваа година. Голема заслуга за ова има секако нејзиниот тренер Александар Ефтимов како и континуираната успешна работа на нашата Таеквондо федерација и пред се на нашиот сребрен Дејан Георгиевски и неговиот тренер Борче Костовски кои го трасираа патот на таеквондо спортот во Македонија.

Од Мила очекуваме одличен настап и посакуваме уште една радост од нашите таеквондисти.

ПретходноОва се стартните состави на Белгија и Словачка! (ФОТО)
СледноСпектаклот ќе се одржи на 16 јули: На промоцијата на Мбапе во нов “крал“ ќе биде и Зидан!