Како и на минатото ЕП, Франција го доби првиот меч со автогол (видео)

179

Франција ја совлада Австрија со 1:0 и со три бода го почна европското првенство во Германија. Французите славеа благодарение на автогол. Интересно, Франција на претходното ЕП 2020 првиот меч го доби со 1:0 со автогол на Хумелс (ја победи Германија), а вечерва во Дизелдорф со автогол на Вебер ја совлада Австрија со ист резултат.
Моментот на одлука падна во 38 минута кога Мбапе се ослободи од својот чувар, нафрли на петерецот, а Вебер со глава ја смести топката во сопствениот гол. Имаше Франција повеќе шанси од противникот, а во 54 минута Мбапе излезе сам пред противничкиот голман и шутна покрај голот.

Австрија притисна во завршницата за да изедначи, а Французите чекаа од контра напади. Мрежите не се затресоа повеќе и трите бода отидоа на контото на двојниот европски првак.

Следниот меч на Франција е против Холандија на 21 јуни, додека истиот ден Австрија ќе игра против Полска.

ПретходноОд Ѓорче во Прага – Јанкуловска потпиша за Славија
СледноМбапе со скршеница на носот