Лукаку малериште, Словачка со прва сензација на ЕП

335

Изненадување на стартот на групата Е. Репрезентацијата на Словачка славеше победа над фаворизираната селекција на Белгија со 1:0 во меч кој се одигра во Франкфурт. Уште на стартот Белгијците тргнаа фуриозно, Лукаку имаше две шанси кои не ги реализира.
Па во осмата минута стигна казна. По грешка на Доку, Куцка шутира силно, Кастелс брани но топката дојде до Иван Шранц кој од косо ја смести топката во мрежата.

Во 40 минута одлична можност за Словачка, Лукаш Хараслин шутна од волеј, а Кастелс одбрани.
Само што почна второто полувреме, серија напади на Белгијците. Лукаку се најде во две можности, првата ја промаши, а потоа постигна гол кој беше поништен поради офсајд. Две минути подоцна Дубравка одбрани опасен шут на Тросар, а нешто подоцна одново Лукаку не погоди.
Во 62 минута односо притисок на Белгија, а Јохан Бакајоко шутираше додека Дубравка беше на земја, но Ханчко со херојска интервенција ја исфрли топката од гол линија.
Во 86 минута Лукаку погоди, а голот не беше признат по прегледување на ВАР снимка поради игра со рака на асистентот Луис Опенда претходно.
На крајот Словачка ги слави трите бода, Белгија ќе мора да се соземе и да оди на победи на следните два меча.

 

ПретходноСерхио Рамос си замина од Севиља
СледноОФИЦИЈАЛНО: Тиквеш се пофали со Мартин Стојанов