Марио Хезоња се премисли: Потпишува нов договор со Реал

118

Марио Хезоња реши да остане во Реал Мадрид и го продолжи договорот со тимот. Тоа значи дека сагата е завршена и дека Хезоња нема да ги засили Барселона, Панатинаикос или Партизан и нема да се обиде повторно во НБА лигата.

На Барселона не и се допадна неговото однесување, односно неговите изјави по освојувањето на шампионската титула во Шпанија, а сето тоа резултираше со поништен договор. Како и да е, хрватскиот репрезентативец сакаше се да реши пред почетокот на квалификациите за Олимписките игри, бидејќи има обврски со репрезентацијата и по новиот договор со Реал Мадрид може да се посвети на хрватската репрезентација.

Што се однесува до Барселона, тие го решија проблемот со потписот на капитенот на Партизан, Кевин Пантер, додека црно-белите се уште бараат големи засилувања.

ПретходноУкраина ја освои Европската Златна лига 2024
СледноДенеска на Еуро 2024: Да ја видиме моќта на Франција, источно-европско дерби во Минхен