Ребров по поразот: Кажав и претходно, еве и сега – Романија е фудбалска нација

572

Украина го доживеа најтешкиот пораз на Европските шампионати. Загуби од Романија со 0:3, а по мечот селекторот Сергеј Ребров се правдаше со тоа што кажа дека пред себе имале добар тим, фудбалска нација.
Имавме посед на топка, но не создававме шанси за гол. Не го очекувавме овој резултат. Всушност никој не очекуваше ваков резултат. Романија е добра екипа. Кажав и на вчерашната прес-конференција, а еве и сега ќе кажам – тоа е фудбалска нација.
Знаат да играат фудбал и тоа го покажаа. Пред нас е сериозен меч со Словачка. Треба да се собереме и да мислиме на тој меч“, изјави Ребров.

ПретходноТадиќ: Сметам дека сум најдобар играч на Србија
СледноВаленсија во „аут“, добредојде за Париз – познати учесниците во Евролигата за 2024/25