Сабаленка се откажа од настап на ОИ

393

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка, третата тенисерка во светот, изјави дека нема да учествува на Олимписките игри во Париз. Тоа го направи за да го сочува здравјето и што подобро да се подготви за сезоната на тврда подлога.
„По сите проблеми кои ги имав во последните месеци, морам да водам сметка на здравјето. Сакам да се одморам за да бидам физички спремна“, изјави Сабаленка.
Олимпискиот турнир е од 27 јули до 4 август и ќе се игра на земја.
Сабаленка неодамна беше поразена во четвртфиналето на Ролан Гарос од тинејџерката Мира Андреева.

ПретходноДејан Илиев не е повеќе играч на Сараево
СледноЛеклер ќе учествува во штафетата со олимпискиот оган