Шпанската Севиља на својот веб сајт објави дека се разделува со централниот бек Серхио Рамос. Од клубот соопштија дека 38-годишниот фудбалер одлучил да го напушти клубот од детството, а засега не се знае дали ќе оди во друг клуб или ќе стави крај на кариерата.
Рамос дојде во Севиља минатата година од ПСЖ потпишувајќи едногодишен договор. Тој одигра 37 натпревари за Севиља во сите конкуренции.