Спектаклот ќе се одржи на 16 јули: На промоцијата на Мбапе во нов “крал“ ќе биде и Зидан!

261

Реал Мадрид веќе го заврши трансферот на деценијата, трансферот на 21 век. Килијан Мбапе е нов “крал“, останува само уште официјалната промоција. А таа ќе биде извршена на 16 јули, веднаш по завршувањето на ЕУРО 2024 и тоа пред рекорден број на фанови на “Сантијаго Бернабеу“. Досега најмногу имало во 2009 година кога Роналдо бепе претставен пред 80.000 гледачи.

Јасно е дека Реал од ова ќе направи спектакл, а медиумите во Шпанија велат дека на оваа официјална промоција ќе биде присутен и Зинедин Зидан, сонародникот на Мбапе, некогашната играчка легенда на “кралевите“ и тренерот кој на Реал му донесе три титули во низа во ЛШ.

ПретходноИОК со покана за Рељиќ за настап на ОИ во Париз!
СледноЗинченко: Се срамам да ги погледнам фановите во очи