Страшната Романија ја уништи Украина! (ВИДЕО)

201

Уф, каква победа, каква игра на Романија во меч од 1.коло на ЕП во групата – Е, и тоа против Украина со 3:0. Едноставно Романците просто ја уништија селекцијата на Ребров, во тоа им помогна и очајниот голман на Реал, Андриј Лунин на кого едноставно не му беше денот.

Посебно тука мислиме на првиот гол на Романците во таа 29.минута кога Лунин ја дегажираше таа топка до Ман, овој му ја подаде топката на Станчу кој постигна фантастичен гол за 1:0 за Романија.

Во 53.минута Марин постигна исто така ефектен гол, и за тој Лунин се чини дека беше виновникот, мораше подобро да реагира иако таа топка беше доста силна.

Но тоане беше се од одличните Романци кои во 57.минута стрелаше за 3:0 и тоа со голот на Драгушин за еуфорија на трибините каде беа фановите на Романија.

Украина не беше на своето ниво. Премногу индивидуални потези, посебно на Мудрик, тактички незрело играа Украинците, и тоа во многу им помогна на Романците да дојдат до сензационални 3:0.

Да, имаа Романците и среќа, посебно во 77.минута кога Судаков шутираше а Ница го спаси својот гол. Така беше и во неколку претходни акции, но сепак среќата требаше и да се заслужи.

Инаку ова беше меч од групата – Е, во која се и селекциите на Белгија и Словачка, а со оваа висока победа селекцијата на Романија со една нога веќе е во осминафиналето.

За крај, звучи неверојатно, но така е. Ова за Романија е втората победа во историјата на Европските првенства.

ПретходноЈованчев го објави списокот на кошаркари за селекцијата до 16 години!
СледноЕве како српските фанови скандираат – ПУТИН, ПУТИН…(ВИДЕО)