Баерн следната година го слави својот 125 роденден. За таа прилика неговиот технички спонзор Адидас подготвува специјална линија опрема која најголемиот германски клуб ќе ја носи во текот на сезоната 2025/26.
Идеите веќе некое време се на масата на дизајнерите од легендарната компанија, а се чини дека победи онаа во која на специјалниот дрес ќе се најде старото лого на Адидас и старото лого на Баерн.
Специјализираниот портал кој се занимава со овие теми FootyHeadlines ги објави првите фотографии од новиот дрес.
📸 Adidas akan merilis jersey peringatan 125 tahun khusus untuk FC Bayern pada tahun depan. pic.twitter.com/qq38sP6p9j
— Sarana Tentang Bayern (@stb_bayern) June 17, 2024