Екипата на Алкалоид е освојувач и на третото издание на меморијалниот турнир „Марко Божиновски“, што се одржа во Скопје во чест на прерано починатиот ракометар, Марко.
Три дена се играше врвен ракомет на Спортскиот центар „Марко Божиновски“, а бранителот на трофејот, Алкалоид во финалето славеше против Коњух од БиХ со 27-26.
За најдобар стрелец беше избран Данило Бутиќ од Морнар Бар, наградата за најдобар голман ја освои Амел Мухавдиќ од Коњух, додека за МВП беше избран Мартин Крстевски од Алкалоид. Наградата за најдобро лево крило, позиција на која играше Марко Божиновски, ја освои Марко Димовски од Пелистер.
View this post on Instagram
Третото место им припадна на ракометарите на Пелистер кои беа подобри од Морнар (Црна Гора) со 39-30.
На турнирот учествува и екипите на Вардар, Бутел Скопје, Струга и трет гостин од странство, екипата на Одохеи од Романија.