Зинченко: Се срамам да ги погледнам фановите во очи

1609

Украина доживеа дебакл во дуелот со Романија (0:3) на првиот меч на ЕП 2024. Играчот од средниот ред, Олександр Зинченко, кој играше како лев бек поради повредата на Миколенко, зборуваше за атмосферата по поразот.
Не знам што да кажам… Се срамам да ги погледам фановите во очи. Тие дојдоа да навиваат за нас и се разочараа. Можам да кажам едно нешто, а тоа е дека ќе дадеме се од себе на следниот меч да ги направиме среќни.
Што тргна наопаку? Не знам. Не знам кој беше клучниот момент. Можеби требаше да бидеме поагресивни во нападот. Тренерот тоа ни го кажа, нападот требаше да биде поагресивен, да се контролира топката е една работа, но нас ни треба креирање на шанси и тоа беше проблем на овој меч. Тоа што се случи, се случи, толку, одиме понатаму“, изјави Зинченко за „Фудбал.уа“.

ПретходноСпектаклот ќе се одржи на 16 јули: На промоцијата на Мбапе во нов “крал“ ќе биде и Зидан!
СледноЕУРО 2024: Словачка води против Белгија на полувреме (видео)