ОФИЦИЈАЛНО: Тиквеш се пофали со Мартин Стојанов

1198

Она што „СпортСпорт“ го најави како сензација претходно сега доби и потврда.
Тиквеш го засили својот ростер со екстра засилување и тоа со напаѓачот Мартин Стојанов (25) кој доаѓа од тимот на Септември Софија. Како што е познато Стојанов е штипско дете, тој прво се наметна во Кит Го а потоа во Брегалница беше клучен играч, за да пред две години направи трансфер во Бугарија.

Јасно е дека тимот на стратегот Ѓорѓи Мојсов ќе има и тоа како респектабилен напад во претстојниот период.

Да потсетиме дека Тиквеш како освојувач на Купот на Македонија, ова лето за првпат ќе настапи во фудбалска Европа.

ПретходноЛукаку малериште, Словачка со прва сензација на ЕП
СледноТадиќ: Сметам дека сум најдобар играч на Србија