Украина го доживеа најтешкиот пораз на Европските шампионати. Загуби од Романија со 0:3, а по мечот селекторот Сергеј Ребров се правдаше со тоа што кажа дека пред себе имале добар тим, фудбалска нација.
„Имавме посед на топка, но не создававме шанси за гол. Не го очекувавме овој резултат. Всушност никој не очекуваше ваков резултат. Романија е добра екипа. Кажав и на вчерашната прес-конференција, а еве и сега ќе кажам – тоа е фудбалска нација.
Знаат да играат фудбал и тоа го покажаа. Пред нас е сериозен меч со Словачка. Треба да се собереме и да мислиме на тој меч“, изјави Ребров.