Тадиќ незадоволен од одлуката на Пикси: Да бев стартер ќе дадевме барем еден гол

187

Српската фудбалска репрезентација синоќа беше поразена од Англија со 1:0 во првото коло од групната фаза на Европското првенство во Германија. По мечот, капитенот Душан Тадиќ изјави дека е незадоволен од одлуката на селекторот да го започне натпреварот на клупата за резерви, а на неговите коментари реагираше и селекторот Драган Стојковиќ – Пикси.

„Тоа беше дел од тактиката на нашиот тим, затоа не почнав. Селекторот ми објасни дека сака прво да се браниме, а потоа јас ќе се обидам да ја сменам играта. Мислам дека беше одлична можност да се победи Англија бидејќи и покрај тоа што имаат одлични имиња во тимот ни дадоа премногу простор. Да бев на теренот, ќе им создававме повеќе проблеми. Имавме многу простор, мислам дека ќе постигневме барем еден или два гола ако минев повеќе време на терен. Но во ред… Тоа е фудбалот“, изјави Тадиќ.

ПретходноАлкалоид го одбрани пехарот на меморијалниот турнир „Марко Божиновски“
СледноЛоши вести за Србија: За Костиќ ова европско првенство заврши!