Бостон ги „прегази“ Далас и Дончиќ за рекордна 18-титула (ВИДЕО)

417

Кошаркарите на Бостон го победија Далас со 106:88 во петтиот финален натпревар и ја освоија титулата во НБА-лига со вкупен резултат 4:1. За тимот од Бостон тоа е рекордна 18. титула во НБА, а прва од 2008 година. Досега Селтикси беа изедначени по бројот на титули со Лејкерси кои освоија 17.

Џејсон Тејтум ги предводеше Селтикси на овој натпревар со 31 поен, осум скока и 11 асистенции, додека Џејлен Браун постигна 21 со осум скока и шест асистенции. Тој беше прогласен за МВП.

Кај Далас повторно најмногу покажа Лука Дончиќ, кој имаше 28 поени, имаше 12 скока и пет асистенции. Кајри Ирвинг, кој играше за Бостон од 2017 до 2019 година, остана на 15 поени откако шутираше лоши 5/16 од поле. Тој имаше девет асистенции.

Селтикси ја завршија регуларната сезона во НБА со најдобар рекорд. Имаа 64 победи и 18 порази. Во плеј-офот победија Мајами Хит (4:1), Кливленд Кавалирс (4:1), Индијана Пејсерс (4:0) и Далас Маверикс (4:1).

ПретходноМбапе со скршеница на носот
СледноЦела ноќ чекаа пред болница, стигнаа првите информации за Мбапе