Кошаркарките на Вадар се освојувачки на шампионскиот трофеј во М16 лигата на Македонија. Во последниот меч од сезоната, „вардарки“ беа многу подобар ривал од Бадел 1862 (81-64), и сосема заслужено се закитија со златните одличја во оваа кадетска конкуренција од женскиот младински сегмент.
Силно темпо наметнаа кошаркарките на Вардар од самиот почеток на финалниот натпревар во М16 лигата во женска конкуренција.
Јана Пислевска оствари одлични индивидуални бројки и беше прогласена за МВП. За 34.20 минути на теренот во СРЦ „Кале“, реализираше 19.поени, но освен тоа додаде и десет скока, имаше и осум асистенции, дури седум освоени топки, за индекс – 26.
А сличен беше нејзиниот ефект и во полуфиналниот натпревар, во кој Вардар беше убедливо подобар од Тим Арена. За 22:49 минути во игра, даде 20.поени, а додаде и девет освоени топки, седум скока, три асустенции, за индекс -33!
М16 ЛИГА-ЖЕНИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР – СКОПЈЕ
РЕЗУЛТАТИ
ПОЛУФИНАЛЕ
Вардар – Тим Арена 91:37
Бадел 1862 – Крива Паланка 61:30
ЗА ТРЕТО МЕСТО
Тим Арена – Крива Паланка 43:48
ФИНАЛЕ
Вардар – Бадел 1862 81:64