И официјално Кеба Кебел Сусо не е веќе дел од Вардар. Ова попладнево на своите социјални мрежи го потврдија и од раководството на нашиот најтрофеен клуб, кои секако дека ја искористија можноста да му се заблагодарат на напаѓачот од Гамбија, кој во Вардар мина шест месеци, а одигра и 13 натпревари, притоа не успеа да се запише во листата на стрелците.