Голманот на Шпанија игра со повреда на зглобот, по ЕП оди на операција

57

Шпанскиот голман Унаи Симон објави дека со повреда на зглобот настапува на ЕП 2024 година. По завршувањето на турнирот, фудбалерот ќе мора да биде опериран.

„По завршувањето на Евро 2024, ќе морам да одам на операција. Временската рамка за опоравување засега е непозната. Не сакав да придавам големо значење на мојата повреда до крајот на турнирот, бидејќи тоа не ми пречеше во сезоната 2023/2024. Засега, повредата не ми прави никакви проблеми“, изјави Симон.

Симон се здоби со повреда на зглобот минатата година.

ПретходноВардар му се заблагодари на Сусо!
СледноНавивачите на Лацио отворија војна со Лотито: Стави го клубот на продажба – веднаш!