По убедливиот пораз од Шпанија, хрватската репрезентација се подготвува за вториот меч на европското првенство против Албанија. За очекувањата од мечот зборуваше селекторот Златко Далиќ.
„Ме весели тоа што сме позитивни и не сме обесхрабрени од поразот од Шпанија. Момците се свесни дека мораме да бидеме подобри од првиот меч. Албанија не е квалитетен противник како Шпанија, меѓутоа, секако заслужува респект. Мораме да бидеме трпеливи и внимателни, но и ефикасни. Ќе има промени во составот, а за тоа ќе се договориме на дено тна натпреварот“, изјави Далиќ.
„Не е убаво да се изгуби натпревар. Секогаш зборувам дека Хрватска заслужува поголем почит од сите. Ние во последните шест години освоивме три медали, а Англичаните една во 58 години. И пак тие се златни, а ние сме безвредни. Резултатите покажуваат дека сме подобри отколку што не сметаат.
Поразот од Шпанија донесе многу песимизам, но ќе дадеме се од себе да бидеме вистински. Мали сме, но борбени и доказ за тоа се 100.000 навивачи во Берлин“, додаде хрватскиот селектор.