Денеска во Нион ќе се одржи ждрепката за 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите и Лигата на Конференции за сезоната 2024/25, во која ќе имаме три наши претставници.
Струга ТЛ како шампион на Македонија се најде во групата -1 како неносител и за противник може да добие еден од следните ривали и тоа Слован (Словачка), Линколн (Гибралтар), ТНС (Велс), Балкани (Косово), Борац (Бања Лука). Вака на прв поглед “најлесно“ ќе биде со тимовите од Гибралтар и Велс.
Ждрепката ќе се одржи во 14 часот.
Два часа подоцна, во 16 часот, исто во Нион, ќе се одржи ждрепката за 1.квалификацско коло во Лигата на Конференции.
Тиквеш се најде во групата -2 и за ривал може да добие еден од следните противници и тоа Бреидаблик (Исланд), Дуделанж (Луксембург), Тре Пене (Сан Марино), Сент Џозеф (Гибралтар) и Крусадерс (С. Ирска). Секако дека важно е да се избегнат првите две екипи.
Шкендија се најде во групата -1 и за ривал може да добие еден од овие тимови и тоа Вележ (БиХ), Торпедо Кутаиси (Грузија), Малишева (Косово), Ноах (Ерменија) и Ислох Минск (Белорусија). Да кажеме дека само тетовци се носители во ждрепката, ако го минат првото коло тогаш и во второто квалификациско коло ќе бидат носители.