Европското заврши и за хрватскиот репрезентативец Влашиќ

116

Eвро 2024 заврши и за хрватскиот играч за врска Никола Влашиќ. Офанзивниот играч за врска на Торино ќе го пропушти остатокот од турнирот поради повреда на мускулот, објави прес-службата на хрватската репрезентација .

„Влашиќ ќе го напушти кампот на репрезентацијата и ќе го пропушти остатокот од Евро 2024 поради повреда на мускулот“, се вели во соопштението за јавноста.

„Многу ми е жал што оваа нова повреда ќе ме спречи да му помогнам на тимот. Направив се што е можно за да бидам подготвен, и сакам да му се заблагодарам на селекторот и на стручниот штаб за укажаната можност“, изјави Влашиќ.

Репрезентацијата на Хрватска во 2. коло од групната фаза утре ја очекува дуел со Албанија.

ПретходноШишковски си замина од Арарат
СледноЛа Лига: Мбапе дебитира против Мајорка, Столе на дебито за Валенсија против Барса